Изложба на стрипови „Црно-бели животи"

Четврток, 04 Октомври 2018 09:09

Чест ни е да Ве поканиме на отворањето на изложбата на стриповите „Црно-бели животи", инспирирани од искуства на бегалци, а изработени во рамки на проектот на УНХЦР „Бегалец сега-Човек секогаш", имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој (Центар РЕД).
Стриповите ги креираа студенти од Факултетот за ликовни уметности и од Катедрата за општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески" - Скопје.
Целта на стриповите е да ја подигнат свеста за страдањата и правата на бегалците, пред сѐ кај младата публика од 15 до 30 години. 
Изложбата ќе биде отворена на 5 октомври 2018 година во 19.30 часот во НУБ „Св. Климент Охридски" – Скопје.
Во истиот простор, следниот ден, на 6 октомври, од 12-14 часот ќе се одржи работилница за стрип, наменета за деца и млади кои сакаат да се запознаат со основните чекори за креирање стрипови.

Објавено во Изложби

Деветтата димензија плакатНационалната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”-Скопје и издавачката куќа „Стрип Квадрат“ ве водат низ изложбата „Деветтата димензија” што ќе ја претстави македонската стрип сцена. Со стрип табли и албуми ќе бидат претставени повеќе македонски автори. Покрај тоа, ќе можете да се потсетите на уникатните „Мак стрип“ изданија, а ќе бидат изложени и голем број други стрип списанија кои НУБ ги има сочувано во своите фондови. За Деветтата димензија ќе говорат Маја Мицевска од НУБ и Душко Кралевски новинар и познавач на стрипот. Изложбата ќе ја отвори д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ –Скопје.

Настанот ќе се одржи на 27 март (петок) 2015 г., 18.00 ч. во холот на НУБ.

Објавено во Изложби

Гете-институт во соработка со Кинотеката на Македонија и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје го организира детскиот Фестивал за слика и филм / Bild- und Filmfestival-BUF.

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје ќе ја прикажеме изложбата „Стрип, манга & ко. Новата германска стрип-култура“. Таа ги претставува актуелните тенденции во областа на стрипот преку делата на 13 стрип-цртачи.

Објавено во Изложби

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846