Со задоволство Ве информираме дека Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во соработка со Народната библиотека на Србија, а под покровителство на Министерството за култура на РМ организира семинар на тема: „Унапредување на библиотечните услуги преку усовршување на кадри од областа на библиотечната дејност за давање услуги на лицата со тешкотии во читањето“. Семинарот ќе се оддржи на 30 октомври 2018 година од 09.30 до 17.30 часот во Центарот за конференции и студии во НУБ „Св. Климент Охрдиски“ во Скопје. Библиотечните услуги за лицата со тешкотии во читањето (слепите, слабовидните, со дислексија, дисграфија, глувите и наглувите, за оние кои не можат да ја држат книгата во раце итн.) треба да бидат составен дел на секоја библиотека денес, особено кога новите технологии ни овозможуваат олеснување, а достапноста на информациите преку разни медиуми придонесуваат за развојот на тие услуги и за подобрувaње на нивниот квалитет. Се прават напори да се создадат услови библиотечните услуги да им бидат достапни и на корисниците кои имаат тешкотии во читањето, односно на кои не им е достапен стандардниот печат. Но и издавачите, да станат посвесни за потребата за приспособување на книгите и со таков вид на издаваштво. 
Обуката ќе овозможи библиотечниот персонал од Националната библиотека и од другите градски и локални библиотеки во Република Македонија - учесници на семинарот да се запознаат со тоа кои лица спаѓаат во категоријата корисници со тешкотии во читањето на стандардниот печат; со достапните формати и издаваштво во пристапни формати; со видовите пречки со кои се соочуваат корисниците со оштетен вид и другите лица со тешкотии во читањето; пристапност на информациите и публикациите на корисниците со тешкотии во читањето; помошната технологија (уреди, софтвери и помагала за читање и пишување); позитивна практика во давањето услуги на лицата со тешкотии во читањето и др.

Како потсетување, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, постои библиотечен Центар за слепи и слабовидни лица, кој беше пуштен во употреба на 29 декември 2011 година, со цел да им се овозможи поцелосно и поефективно учество и вклучување во општеството на над 2500 слепи лица и поголем број лица со тешки оштетувања на видот. Со оглед на тоа што слепите и слабовидните лица не се во можност да ја следат вообичаено печатената литература на конвенционален печат, главната цел на Центарот е да им се овозможи на слепите и на слабовидните лица во Република Македонија непречено користење на материјали со културни, образовни и други содржини во пристапни формати. Центарот располага со опрема за печатење книги со Брајово писмо и за издавање аудио-книги.

Објавено во Прес

Придружете ни се на кратка презентација од 13 до 15 часот во Сабота 27 Октомври 2018 г.
Донесете ги вашите деца кои ќе можат да се забавуваат со боење и читање! Купете ја нашата прва детска книга за возрасни и поканете ги пријателите кои треба да ја чујат оваа приказна, да ја купат книгата за која потоа ќе зборуваат со други и ќе им ја прочитаат на своите дечиња. Ова е најдобар начин со време да ги подготвиме сите деца за свет со различности, за тие да пораснат и да станат освестени возрасни кои ќе креираат можности за лицата со Даунов синдром, не од жал, туку затоа што веруваат во нивните вештини, креативност и способности.

Објавено во Прес

Институтот за италијански јазик и култура Данте Алигиери од Скопје со Амбасадата на Италија во Р. Македонија во соработка со Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје поставија изложба - патување низ италијанскиот јазик и кутлура, на чие отворање Ве покануваат. Понеделник 15.10, 12:30h во НУБ.

Објавено во Изложби

Generation Unlimited - Младински предизвик

Петок, 12 Октомври 2018 09:22

Низ светот околу 1 милијарда деца се соочуваат со некоја форма на насилство. Половина од тинејџерите во светот се соочуваат со врсничко насилство во и околу училиштето.
Нашата земја не е поразлична, и тука речиси половина од децата на возраст од 2-14 години доживуваат физичко казнување во домот.

8 од 10 родители известуваат за користење насилни методи (психолошко или физичко казнување) како начин на воспитување.

Насилство меѓу врсници исто така се случува секој ден. 
Насилничкото однесување исто така се случува и на интернет, каде сторителите остануваат анонимни, но последиците се катастрофални.

Ниедно дете не треба да расте со страв. Стравот ги ограничува генерациите да веруваат во себе, да градат здрави односи, и да го реализираат нивниот потенцијал. 

За таа цел ве покануваме да се пријавите за Generation Unlimited - Младинскиот предизвик најдоцна до 29.10.2018 на следниот апликационен формулар: goo.gl/CWnPbY

#Аплицирај на: goo.gl/CWnPbY

#Краен рок за аплицирање: 29.10.2018
#Капацитет: 10 тима
#Повеќе инфо на: genunlimited.mk 

Објавено во Прес
Страница 1 од 2

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846