Прес

Втора седница на Советот на COBISS.Net

Понеделник, 04 Декември 2017 14:37

На 30.11.2017 година во Институтот за информациски науки - ИЗУМ во Марибор, Словенија, се одржа 2. Седница на Советот на COBISS.Net, на која учествуваа претставници од НУБ и директорката Сенка Наумовска. 

Советот на COBISS.Net е основан минатата година и него го сочинуваат директорите на националните библиотеки и раководителите на нациионалните COBISS-центри од државите-членки во мрежата COBISS.Net, како и претставници од министерства и агенции одговорни за водење на системите E-CRIS.
На седницата се дискутираше за досегашните активности во врска со развојот и финансирањето на проектот COBISS.Net, можностите за нивно интензивирање, како и преземање активности за поголемо вклучување на министерствата за култура, образование и наука во развојот на мрежата COBISS.Net во секоја од земјите членки. Беа најавени активности за имплементација на нови апликации во COBISS во текот на 2018 година, апликациите COBISS+ и mCOBISS, и се разговараше за интензивирање на вклучувањето на библиотеките во мрежата COBISS.Net, со посебен осврт на школските библиотеки.

 

„Ние сме амбасадори на културата и преку нашите активности ги градиме мостовите помеѓу двете земји“ - изјавија директорката на НУБ Сенка Наумовска и Красимира Александрова, директорка на Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија, при работната посета на библиотекари од нашата земја кои се запознаа со процесите на дигитализација во бугарската библиотека како и процесот на заштита преку „аноксија“ во конзервирањето. На средбата помеѓу директорките продолжи разговорот за заедничко партнерство во меѓународните програми кој започна на „6тата конференција на директори на национални библиотеки од Југоисточна Европа“, што се оддржа во Скопје на 8 ноември.

 

 

Директорката Сенка Наумовска во посета на одделението за дигитализација на фонотечното културно наследство. НУБ и официјално започна со овој процес.

Република Македонија годинава ќе биде земја-домаќин на​ ​6-та​ ​Конференција на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа​ ​што ќе ја организира​ ​Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со поддршка на Министерството за култура.

Конференцијата ќе се одржи на 8 и 9 ноември 2017 г. во НУБ „Св. Климент Охридски“. Директорите на националните библиотеки на Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ќе дискутираат​ ​за можностите за размена на дигитални објекти, вклучување со заеднички активности во рамки на Европската година на културното наследство - 2018, а исто така ќе бидат разменети информации за актуелни и нови проекти.

По овој повод подготвена е камерна изложба „Пишувањето како ракотворење: словенски ракописи од 13 до 19 век од Археографската збирка во НУБ „Св. Климент Охридски“, на која ќе се обрати господин Роберт Алаѓозовски, министер за култура на Република Македонија.

На 9 ноември (четврток) ќе се одржи работилница на тема Основната функција на библиотеките: Безбедно чување и заштита​ ​на кумулираното​ ​знаење​ ​на нацијата​ ​и​ ​на ракописното​ ​наследство ​што​ ​НУБ „Св. Климент Охридски“​ ​ја организира во соработка со Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија. 
Потоа ќе биде отворена изложба на плакати​ ​„Книги, правци и публика“​ ​на која ќе бидат претставени материјали​ ​од фондовите „Ракописи и старопечатени книги“, „Ориентална збирка“ и​ ​„Бугарски историски архив“​ ​на Националната библиотека на Бугарија. ​ ​

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846